Во Франција ќе се одржи четиридневен настан во „Хогвартс“, училиштето на Хари Потер

Наредната година во период од четири дена, замокот Жолибер во Бургоњаг, Франција, ќе биде претворен во Хогвартс училиштето за вештерки и волшебници.

Благодарение на фан клубот на серијалот книги „Хари Потер“, Mimbulus Mibletonia Association, во мај 2017 година сто фанови ќе можат да го посетат имагинарното училиште.

На веб страницата на фан клубот пишува: „Mimbulus Mimbletonia организира настан, базиран на првата книга од сагата, „Хари Потер и Каменот на мудрецот“. Дојдете и учествувајте на церемонијата за определување во една од четирите куќи, запишете се на курсеви за ботанија, магии, напивки, и секако на натпреварите во квидич. Не заборавајте да собирате поени за вашата куќа, за да можете да победите на купот!“.

Сепак, сите лекции ќе се одвиваат на француски.

Настанот, кој ќе прими само 100 среќни натпреварувачи, ќе се случи од 25-28 мај, а смеат да присуствуваат само лица над 167 години.

За да биде поавтентично, организаторите „отвораат“ и продавница слична на оние од Дијагоналната уличка во книгите, во која може да се купи сѐ што е потребно за фрлање магии и приготвување напивки.