Во Данска се отвора втор маркет за храна со изминат рок поради голема побарувачка

Маркетот Wefood во Копенхаген кој продава храна со изминат рок, има толку многу купувачи, што одлучиле да отворат уште еден супермаркет. Голем број Данци решиле да го намалат суфицитот и фрлањето на храна во развиената држава, додека една милијарда луѓе во светот сѐ уште живеат во глад и сиромаштија.

Откако супермаркетот беше отворен во областа Амагер во Копенхаген на почетокот на годината, проектот Wefood привлекол огромен број купувачи, а пред касите постојано имало долги редици. Поради тоа, отвориле втора продавница во богатото соседство Норебро овој месец.

„Прекрасно е што наместо да ја фрлаат храната, решија да ја продаваат за пари. На тој начин поддржуваат добра кауза“, велиу Сигне Сковгаард Соренсен, студент.

„Нели е одлично?“, вели пензионерката Олга Фруерлунг, земајќи тегла слатко. Додава дека „слаткото трае сто години, бидејќи има шеќер во него“.

Продавањето на храна со поминат рок е легално во Данска, сѐ додека се рекламира како таква и нема опасност доколку се консумира.

„Проверуваме, мирисаме, го тестираме производот за да видиме дали сѐ уште може да се јаде“, вели лидерот на проектот, Басел Хмеидан.

Сите производи се донирани од производители, компании за увоз и извоз и локални супермаркети, а ги собираат вработените на Wefood, од кои сите се волонтери. Профитот на супермаркетот се донира во хуманитарни цели.

Цените се речиси на пола од вообичаено, но дури и најредовните купувачи имаат проблеми при купувањето таму. Производите кои можат да се најдат зависат од донаторите, поради што се продава еклектичен микс кој се менува од ден на ден.

Фрлањето на храна стана „жешка“ тема во последниве неколку години, а се појавија разни иницијативи, од забрана за уништување на непродадена храна во Франција минатата година, до глобален синџир на кафулиња кои служат храна направена од состојки со поминат рок.

Речиси 1,3 милијарди она храна се фрлаат секоја година, што е повеќе од доволно за да ги прехрани една милијарда луѓе кои патат од глад глобално, велат од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации.