Во Битола започна Недела на шпанскиот филм

Во организација на Центарот за култура и Амбасадата на Шпанија до 30 октомври во Битола ќе се одржува Недела на шпански филм.

Циклусот филмови започна со романтичната комедија „Мигел и Вилијам“ во режија на Инес Парис, а според програмата, ќе продолжи со „Ѕвезда што паѓа“ во режија на Луис Мињаро.

Покрај овие, ќе се прикажуваат и филмовите „Среќна ѕвезда“ во режија на Рикардо Франко, трилерот „Нема мир за злите“ во режија на Енрике Урбизу“, урбаната комедија „Овците не го пропуштаат возот“ во режија на Алваро Фернандез Армеро, анимираниот филм за авантурите на Дон Кихот и Санчо Панса „Магарето на Дон Кихот“ во режија на Хосе Позо, а ќе биде прикажан и „Сите тие се мртви’ во режија на Беатриз Санчез.

Ревијата шпански филмови ќе заврши со двата дела на анимираниот филм „Дон Кихот Де Ла Манча“ во режија на Круз Делгадо и Хозе Ромагоса, како и со играниот филм „Мал Остров“ во режија на Алберто Родригез, Битола.