Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието

Владата денеска одлучи да ја проследи предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија со Европската Унија, претставена од Француското претседателство до Собранието, за разгледување и донесување понатамошни заклучоци.

Францускиот предлог предизвика поделени мислења и реакции од повеќе страни. Противниците на предлогот сметаат дека со него се загрозени македонските национални позиции, додека властите го негираат тоа.

Предлогот предизвика и протести во Скопје кои во последните денови ескалираа.