Можеме ли без ѓубре? Телевизиски канал за медиумска едукација? Аерозагадувањето како прашање од национална безбедност? Ова се дел темите на втората трибина „Визионирај“ на која шест говорници, на 10-ти февруари во Кино Фросина – МКЦ, ќе споделат интересни визии како можни верзии на животот.
Говорници на трибината и темите на кои ќе зборуваат се:
Андријана Папиќ Манчева – „Можеме ли без ѓубре“?
Николина Атанасова – „Воведување на телевизиски канал за развој на медиумска едукација“
М-р Наташа Вчкова – „Заштита на урбаните празнини преку реадаптација на напуштени индустриски објекти“
М-р Љубица Шопова – „Концепти за алтернативни книжарници/библиотеки – општествено корисни можности и перспективи“
Мухамед Ајваз – „Ромите – внатре или надвор од општествените шини“
М-р Лазар Поп Иванов – „Загадувањето на воздухот како прашање од национална безбедност“.
Трибината која е замислена како претставување на визии од заедницата за заедницата е насловена „Сеништа и соништа“. Настанот почнува од 13 часот, а влезот за сите заинтересирани е слободен.