Видео за сексизмот во рекламите и прикажувањето на жените како предмет

Прикажувањето на жената како предмет е нешто што постои дури и во реклама за сендвич, пишува интернет страницата Bored Panda. Група активисти овој месец почнаа кампања со хаштаг #WomenNotObjects (#ЖенитеНеСеПредмет).Видеото, кое е дел од кампањата, прикажува примери на сексизам во рекламите со саркастични пораки од жените кои се во нив. Хаштагот #WomenNotObjects се користеше и во други кампањи, а видеото има за цел да поттикне дискусија меѓу останатите жени на оваа тема.