[Видео] Успешен настап на младиот пијанист Арда Мустафаоглу во Софија

Младиот пијанист од Македонија, Арда Мустафаоглу имаше успешен настап во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Пред публиката во преполната сала на театарот, Арда се престави со третиот став од сонатата бр. 7 на Сергеј Прокофиев.

Со своите настапи Арда Мустафаоглу ќе продолжи во Париз и Атина во текот на јуни 2018 година. Видеото од настапот во Софија погледнете го во продолжение.