[Видео] Првиот официјален трејлер на „Daredevil“

Првиот официјален трејлер за новата серија „Daredevil“ од денеска е достапен за јавноста. Ликот на Мет Мурдок кој е познат од стрипот на Марвел ќе го игра актерот Чарли Кокс.

Во неа се зборува за супер херој со изгубен вид кој се бори против криминалот, така што преку ден е адвокат, а преку ноќ е маскираниот Daredevil.

Премиерно ќе се прикаже на 10 април (петок) со 13 епизоди кои траат од еден час.

Извор: zimbio.com