[Видео] НАСА испрати видео со мачка во вселената и потоа го емитуваше на Земјата

НАСА емитуваше видео од вселената со висока резолуција на кое е снимена мачка што се наоѓа на Земјата.

Снимката од 15 секунди на мачката Тејтерс беше испратена во вселената преку ласер – соодветно на видеото се гледа како мачката брка ласерски зрак. Снимката патувала 19 милиони милји што е околу 80 пати повеќе од растојанието меѓу Земјата и Месечината.

НАСА се надева дека ласерската технологија што ја тестираше ќе ја подобри комуникацијата со подалечните делови во Сончевиот систем.

Тејтерс чии шепи останаа цврство на Земјата е мачка на еден од вработените во лабораторијата за млазен погон на НАСА во Калифорнија.

Видеото беше прикачено на вселенско летало кое беше лансирано во вселената со ракетата Falcon Heavy на SpaceX на 19 октомври, а беше првпат емитувана на 11 декември.

„И покрај преносот на оддалеченост од милиони милји беше возможно да се прати видеото многу побрзо од повеќето широкопојасни интернет конекции“, изјави водачот електроника во лабораторијата за млазен погон на НАСА, Рајан Рогалин.

Видеото во вселената беше примено од телескопот Хејл во опсерваторијата „Паломар“ каде беше и преземено. Потоа истовремено се емитуваше таму и на Земјата во лабораторијата на НАСА.

Рогалин изјави дека конекцијата преку која беше испратено видеото од опсерваторијата „Паломар“ до лабораторијата била побавна отколку преносниот сигнал на видеото од вселената.

Видеото е достапно за гледање на јутјуб.