[Видео] На час: Ретро или дигитално образование

Ја следите новата епизода од серијалот „На час“, емисии посветени на образованието и младите. Денешна тема се најавените реформи во учебниците, но и тоа колку образовниот систем е подготвен за дигитализација.

Гости во оваа дискусија се професорката Ана Томовска Мисоска, од Универзитет Американ Колеџ – Скопје која работи на истражувања од областа на образованието. Ги имаме и одделенскиот наставник Добри Јовевски од ОУ „Илинден“ од Крива Паланка, како и професорката Елизабета Секирарска од средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово. И секако, екипата би била нецелосна без учениците, па затоа го поканивме матурантот Станиша Станковиќ дел од „Сојузот на средношколци“, за да чуеме што мислат младите за новите реформи.