[Видео]: Како македонските студенти говореа за општеството

На 17-ти ноември 1939 година во расплетот на масовните студентски антинацистички демонстрации во Прага, 9 студенти биле погубени, а повеќе од 1200 одведени во концентрациони логори. Студентските домови и универзитетите биле претворени во касарни.

Од 1941 година овој ден се одбележува низ целиот свет како Меѓународен ден на студентите, ден на студентскиот активизам и глобална акција кога студентите од целиот свет протестираат, прават блокади на своите факултети, на улиците и на мостовите со цел да ја спречат комерцијализацијата на образованието и да ја покажат важноста на тоа што значи да си студент.

Македонските студенти токму овој период, пред две години, излегоа на улични протести со силна порака до општеството во кое живеат.

РадиоМОФ избра неколку говори на студенти од претходните години за нивниот активизам, положбата во која се наоѓаат и општеството во кое живеат. Иако говорите се од различни временски периоди, темите кои ги отворија и пораките кои ги испратија овие студенти се актуелни и денеска.

Димче Апасиев од 2003 година „Студентска сервилност“:

Симона Ристевска од 2011 година „Молкот на интелектулаците“:

Никола Николовски од 2012 година: „Инфлација на дипломи“:

Васка Бојаџи од 2012 година: „Партиските војници“:

Константин Битраков од 2012 година: „Стравот кај младите“:

Марија Грубор од 2015 година „Ако сега замолчиме засекогаш ќе не болат устите“: