[Видео] Извештаи од други континенти: Македонија

Музика и пријателство во кластерот. Скопје и пошироко. Без почеток, без крај.

Во септември и октомври 2020 година, со помош на пријатели, беше снимен краток документарен филм, своевиден „МКЦ извештај“ за скопската независна сцена.

Краткиот документарец е во режија на Ѓорѓи Јаневски. Нарачан е од реномираниот фестивал „Le Guess Who?“ за програмата „Извештаи од други континенти“ во 2020 година.

Заедно со него е објавена и „Астрокултура“, придружна компилација од музиката користена за филмот. Компилацијата содржи издадени и неиздадени музички парчиња од вклучените артисти и бендови.

Инаку, „Извештаи од други континенти“ е нова видео продукција од „Le Guess Who?“, преку која луѓе од разни делови од светот споделуваат видео извештаи за теми како уметност, музика, култура и социјален живот од нивната локална заедница. Тоа е платформа за луѓето да ја раскажуваат својата приказна.

„Le Guess Who?“ обично споделува вакви специјални приказни за светските музички традиции и културни случувања преку концерти и уметници, а сега фестивалот најде начин да го стори тоа преку Интернет.