[Видео] Граѓаните vs. полициската бруталност – приказната на студентот Тодорче Златановски

На 05 мај, 2015 година голем број граѓани се собраа пред Владата на Република Македонија за да го изразат својот револт од објавените разговори од високи владини претставници во врска со обидот да се прикрие убиството на Мартин Нешковски. Наместо заштита на правото на протест, полицијата употреби прекумерна сила против дел од протестантите, приведувајќи повеќе од 40 лица. Ова е приказната на Тодорче Златановски, кој беше казнет за учество во толпа и нарушување на јавен ред и мир. Видеото на Хелсиншкиот комитет за човекови права е изработено со поддршка на Civica Mobilitas.