[Видео] „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ – кампања за важноста на инклузивното образование

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ започнаа со реализација на голема кампања „Биди ИНклузивен“. Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај населението за важноста на инклузивното образование и вклученоста на децата со попреченост во редовната настава.

Во рамки на кампањата „Биди ИНклузивен“ изработени се три видеа, каде познати личности од сферата на спортот, филмот и музиката упатуваат пораки за поголема инклузија и за прифаќање и почитување на различностите.

Меѓу јавните личности кои учествуваа во оваа кампања беа: Милчо Манчевски, Кирил Лазаров, Андријана Јаневска, Влатко Лозановски – Лозано, Стојанче Стоилов, Амернис Нокшиќи, Кирил Џајковски и многу други.

Трите видеа може да се погледнат на следните линкови:

Кампањата се реализира во рамки на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија и има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта.