Отворена нова сензорна соба во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“

Во Основното општинско училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во Општина Ѓорче Петров денеска беше пуштена во употреба нова сензорна соба.

Собата е направена во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија.

Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“ рече дека оваа сензорна соба претставува голема гордост за проектот, бидејќи таа ќе биде одлично место за учење и развој на учениците од ова училиште.

„Ова е одличен пример дека кога работиме заедно успеваме да направиме прекрасни промени. Би сакале уште еднаш на почетокот на учебната година да му посакаме на секое дете пристап до квалитетно образование“, вели Џаковска.

Собата е направена со донација на „IuteCredit“ и „ДНА Аннифарм“, како и со поддршка од физички лица кои претпочитале да останат анонимни донатори, а исто така и од самото училиште.