Вечерва почнува музичкиот дел на „Струмица Опен Фестивал“

Вечерва во градскиот парк во Струмица започнува музичкиот дел на „Струмица Опен Фестивал“ (СОФ) кој се одржува од 4 јуни до 13 август. Со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи завршен концерт на летна школа на гитара со македонски евергрини, по што следува концерт на македонската музичка група „Фанк шуи“.

Веќе утре (петок) од 20:30 часот ќе се одржи концерт на Александра Јанева, односно концерт на „Брас брадрс“ од 22 часот.

За во сабота најавен е концерт на Камерниот оркестар на Битола со Тамара и Наде Талевска. На крајот од третиот ден ќе се одржи концерт на „Тајзи“ во 22 часот.

За крај на концертните денови, закажани се концерти на Иван Куќиќ од 20:30 часот и на групата „Aleksandra Groove and Soothe Band“ од 22 часот.

Фестивалот се одржува од 2012 година.