Вечерва почнува музичкиот дел од „Струмица Опен Фестивал“

Со почеток во 21 часот, вечерва (15 август) почнува неделата на музичкиот дел, односно концертите на „Струмица Опен Фестивал“ со завршен концерт на летната школа на гитара, посветен на Тоше Проески.

За вторник е закажан концерт на „Air Strings“ со почеток во 20 часот, а потоа следува изведба на најдобрите македонски хитови на Битолскиот камерен оркестар со вокалите Александра Јанева, Ѓоко Танески, Наде Талевска и Ристо Самарџиев.

За во среда се закажани концерти на „Yu For You“ и Игор Џамбазов со Гуру Харе, додека во четврток ќе има изведба на песни од Гоце Арнаудов.

Програма на „Струмица Опен Фестивал“

Концертите на „Струмица Опен Фестивал“ завршуваат во петок со настапи на Коста Хаџикојчев бенд и Влатко Лозановски.

Во рамки на фестивалот, во првата недела која траеше од 25 до 29 јули беше резервирана за култура и забава, па така беа организирани проекции на филмови, се одржа и вечер на поезија, како и вечер на афоризми.

Дополнително, втората недела од фестивалот, од 6 до 11 август беше тематски одредена за спорт и рекреација, а се одржаа велосипедска тура, баскет, друштвени игри и слично.

Фестивалот се одржува од 2012 година.