Еко-акција „Чисти ридови за сите“ на 26 март

На 26 март, со почеток во 10 часот, еко акцијата „Чисти ридови за сите“ повторно ги мобилизира граѓаните на Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Во акцијата ќе бидат вклучени и поддршка ќе дадат сите општини, училишта, граѓанскиот сектор, спортските здруженија, асцоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци.

Според најавите, комуналните претпријатија на општините ќе им помогнат на учесниците при успешна реализација на оваа акција.

„Ќе се чисти на неколку места во сите општини поединечно, а повеќе информации за зборните места и што треба да понесете со вас, во текот на наредните денови“, велат од „Чисто ридови за сите“.

Организаторите посочуваат дека на природата и треба наша постојана заштита и заштита. Човештвото не мисли дека уништувањето на шумите, загадувањето на водата, велат тие, туку уништувањето на животните доведува до смрт на природата.

„Дополнително, создавањето на мини депонии од страна на несовесните граѓани ја груби општата перцепција за тоа како треба да се однесуваме кон средината во која живееме. Оваа еко акција „Чисти ридови за сите“ веќе неколку пати покажува пример како наместо да се загадува животната средина, таа редовно треба да се чисти и штити, а во соработка со речиси сите општествени чинители како и да се креира една континуирана стратегија сè со цел и местата каде луѓето се уште не водат доволно грижа за овој клучен момент да бидат запознаени кои се бенефитите од здрава и чиста животна средина. Човеката околина, особено онаа што е со редовен пристап од многумина треба да биде на мапата за постојан пристап за чистење, а со тоа и загадувачите да бидат информирани за негативните постапки и соодветно казнети“, посочуваат организаторите.

Наместо да бидеме сведоци на еколошка катастрофа, велат тие, со оваа еко акција се остава позитивен пример и за идните генерации, никој не сака загадена почва, вода и воздух, оттука потребата за почести акции за чистење на околината во која живееме.

„Секој од нас може и мора да ги почитува елементарните правила на еколошката култура. Одржувањето на улиците чисти, фрлањето ѓубре на посебно одредени места е лесно, а особено е важно да бидат одржувани чисти сите излеттнички места и локации кои се посетуваат за рекреација и забава. Денес, човештвото ги има сите шанси да ја врати природата во првобитната форма, и покрај сериозните штети што и се нанесени. Затоа ‘Чисти ридови за сите’ и други еко акции од овој тип потребно е да се случуваат се почесто“, велат организаторите.