Волонтери чистеа ѓубре од охридските плажи и места кои се достапни само по вода

Најразлична амбалажа од храна и пијалоци, како и покуќнина вчера група на волонтери собираа од охридската плажа Лабино и околните места кои се достапни само по вода.

Организатор на двочасовната акција беше СУП клубот Охрид, во соработка со Културолошката иницијатива 5 до 12, JJ Adventures и едриличарскиот клуб-Пират.

Тие тргнаа од плажата Канео, па веслајќи стигнаа и до Лабино и Градска Плажа.

Голема благодарност до сите кои беа дел од денешната акција за чистење на плажата Лабино и околните места кои се…

Posted by SUP Club Ohrid on Saturday, May 8, 2021

Со ова, клубот ја отвори својата сезона за веслање, најавувајќи нова акција за почисто езеро.