Активисти собраа над 50 вреќи ѓубре од крајбрежјето кај Далјан, Охрид

Од Чист Охрид известуваат дека во денешната еколошка акција, од крајбрежјето кај Далјан, собрани се над 50 вреќи отпад.

Во акцијата за расчистување учествувале дваесеттина активисти.

„Во организација на Чист Охрид и „Не Биди Ѓубре“, а заедно со Енхелеус и останати граѓани на крајбрежјето кај плажите Партизан и Мизо собравме најразличен отпад, од цврст отпад, па сè до пластика“, известуваат од „Чист Охрид“.