Вечерва на „Скопско лето“ – концерт на „Загребачки квартет“ и изложба „Разоткривање“

Вечерва ќе се одржи концерт на „Загребачки квартет“ со почеток во 20:00 часот во Музеј на македонската борба. Квартетот се состои од Мартин Крпан – виолина, Давор Филипс – виолина, Хрвоје Филипс – виола и Мартин Јордан – виолончело. Влезот е слободен.

Исто така вечерва, со почеток во 21:00 часот ќе биде отворена изложбата „Разоткривање“ на Владимир Лалиќ, која е во соработка со 3Г Доминиум Културно Јадро и Музеј на град Скопје, во Галерија МКЦ.

Изложбата „Разоткривање” носи низ различни имагинарни содржини на непознатото и различноста во широката сфера на визуелни форми, идентитети, слоеви и приказни.

„Разоткривање” е доживување и спознавање на инспирациите на авторот, низ непознатите простори во кои битисува. Акцентот е ставен на бесмисленото талкање на современиот човек во денешно време. Сите цртежи на еден начин претставуваат загатки кои се мешаат со одреденото и неодреденото, и токму поради тоа овој загадочен карактер, на уметничкото дело „ја надживува интерпретацијата”.

Делата се изработени во комбинирана техника туш и офсет боја на плексиглас, а во некои од делата е имплементирана и звучна подлога.