Уставниот суд во Португалија го блокираше законот за легализација на еутаназијата

Уставниот суд во Португалија го блокираше законот кој ја легализира еутаназијата, а причината е неконцизниот законодавен процес.

Предлог законот беше усвоен од португалскиот парламент во јануари годинава.

Според предлог законот,  еутаназијата беше дозволена за терминално болните и тешко повредените лица.

Минатиот месец, претседателот Марсело Ребело де Соса побара од судот да го оцени законот пред тој да се усвои.

Во понеделникот, седум од дванаесет судии оценија дека предлог законот е недоволно концизен и го отфрлија.

Според судот, предложениот предлог закон не е доволно прецизен и не дефинира кога може да се случи еутаназијата и што точно значи „екстремно страдање“.

Оттаму додале дека случаите во кои еутаназијата ќе биде дозволена треба да се концизни, прецизни и јасно објаснети.

Судот го отфрлил аргументот отфрлил дека правото на живот бил ненадминлиива пречка за законот да биде усвоен.

„Правото на живот не може да премине во задолжение под ниту едни услови“, изјавил претседателот на судот, Жоао Педро Куперс.

Социјалистичката партија која го поддржала предлог законот сега има шанса одново да го состави пред тој повторно да биде ставен на ред за гласање.

Пратеничката Изабела Мореира истакнала дека забелешките на Уставниот суд биле „победа за човештвото“.

Доколку законот за легализација на еутаназијата се усвои, Португалија ќе стане четвртата земја во Европа која ја легализирала еутаназијата и тоа по Белгија, Холандија и Луксембург.

Извор: Euronews