Чиле ги легализираше истополовите бракови и посвојувањето од истополови партнери

Чиле го усвои предлог-законот со кој се легализираат истополовите бракови, а законот истовремено дозволува и посвојување од страна на истополовите партнери, пренесува „Independent“.

Иницијативата беше изгласана од Сенатот, со три воздржани гласови и осум гласа „против“. Предлог-законот потоа бил изгласан и од Канцеларијата на замениците со 80 гласа „за“, 20 гласа „против“ и 8 воздржани.

Сега на потег е претседателот Себастијан Пињера, кој претходно дал поддршка за законот. Легализацијата ќе стапи на сила 90 дена по објавувањето во националниот службен весник.

Според новата одлука, признати се и браковите на истополовите партнери кои се венчале надвор од државата, а отсега чилеанската дефиниција за брак гласи „свечен договор помеѓу две лица“, наместо помеѓу маж и жена.

Предлог-законот бил „заглавен“ во Сенатот четири години, сè додека претседателот Пињера силно не го поддржал во јануари. Јавноста била изненадена од неочекуваната претседателска поддршка, бидејќи Пињера дотогаш јавно истакнувал дека бракот е единствено меѓу маж и жена.

Според парот Хуан Пабло Дуран и Хуан Карлос Родригерс, легализацијата доцни бидејќи тие веќе се регистрирале преку Договорот за заедничка унија, правно олеснување со кое во Чиле може да се регулираат правните аспекти на истополовите заедници, како наследство, но не и посвојувања.

Дуран истакнал дека со својот партнер планираат и формална венчавка откако законот ќе стапи на сила.