Уметност на стари и оштетени грамофонски плочи – прва самостојна изложба на Анжелика Колева

На 4 декември, со почеток во 19:30 часот во кафе бар Винил, ќе биде отворена изложбата „Патување низ времето” на ликовниот уметник Анжелика Колева. Ова е нејзината прва изложба на која ќе бидат претставени единствено грамофонски плочи.

Ќе бидат изложени 40 дела што носат имиња на песни кои години наназад ја инспирирале авторката, па оттаму потекнува и името на изложбата.

„Мислам дека ова ќе биде малку поинаква изложба од она што се навикнати да гледаат луѓето. За сите љубители на винилки, морам да нагласам дека сликам исклучиво на стари, оштетени плочи кои веќе не можат да се слушаат”, вели Колева.

Отварањето на изложбата ќе биде проследено со настап на музичката група „Chill Play”.

Изложбата ќе трае до 8 декември, а љубителите на уметноста ќе може да ги погледнат оштетените винилки живи, во форма на слика.