Учениците во Флорида ќе носат проѕирни ранци, а во училиштата ќе има детектори за метал

Средното училиште во Флорида во кое беа убиени 17 луѓе минатиот месец, ги задолжи учениците да носат проѕирни ранци.

Одлуката доаѓа откако братот на осомничениот е обвинет за упад на кампусот, а две деца беа уапсени поради носење на ножеви.

Секој ученик што нема, ќе добие бесплатен проѕирен ранец од идната недела.

На учениците ќе им се издадат и беџови за идентификација, кои ќе мора да ги носат постојано додека се на училиште. Вработените, исто така, ќе имаат вакви беџови.

Надлежните ќе постават и детектори за метал на влезовите од училиштето, иако повеќето ја оценуваат оваа безбедносна мерка како неефективна.

Дополнително, училиштата со повеќе влезови ќе имаат само еден влез до првата четвртина на 2019 година.

Со новиот закон во Флорида кој се донесе по пукањето, ќе се одвои 8.5 милиони долари за секое училиште во дистриктот да обезбеди најмалку еден полициски службеник, почнувајќи од есен.