Уапсен уште еден млад научник и инфлуенсер во Сауди Арабија, Мохамед Алхаџи

Познат саудиски научник и инфлуенсер на мрежата Снепчет е уапсен од страна на властите во Саудиска Арабија.

На апсењето на Мохамед Алхаџи, експерт за јавно здравје, претходат скорешни апсења на познати инфлуенсери поради „криминали“, односно дека се критични кон принцот Мохамед Бин Салман, но и поради давање на поддршка за женските права.

Сѐ  уште е непозната причината за апсењето на Алхаџи, кој во јавноста е перцепиран како поддржувач на политиките на власта.

Апсењето следува откако беше уапсена и Манахел Ал Отаиби, дваесетидеветгодишна фитнес инструкторка, која често на своите профили споделувала пораки за женско омоќување. Помеѓу другите прекршоци, Отаиби била обвинета и поради користење на хаштаг „општествотоеподготвено“, повик за крај на правилата според кои жените за повеќе активности треба да се движат со машки придружници.

Уште еден уапсен е инфлуенсерот на Снепчет, Мансур Ал Ракиба, кого го следеле над 2.000 лица, а осуден е на дваесет и седум години затвор бидејќи го критикувал принцот.

Во една од своите последни колумни за „Вашингтон Пост“, пред неговото брутално убиство во 2018 година, новинарот Џамал Кашоги од Саудиска Арабија, го критикуваше растот на апсењата од страна на принцот и властите во земјата, како и „јавното срамење на интелектуралците и религиските лидери кои се осудуваат да искажат поинакви размислувања од оние на лидерите на земјата“.

Сара Леа Витсон, претставничка на „Зора“ – организација за човекови права основана од новинарот Кашоги, изјави дека во Саудиска Арабија се апсат препознатливо индивидуални гласови кои не споделуваат политички ставови, бидејќи на секој индивидуалец се гледа како закана кон власта.

Според неа, исчезнувањето на луѓе како Алхаџи, без посебна причина е една од тактиките за заплашување на принцот.