Турција забрани дочек за Нова година на Таксим во Истанбул

Турските власти нема да дозволат новогодишна прослава на истанбулскиот плоштад Таксим од „безбедносни причини“.

„По низата напади во Турција во изминативе две години, мерките за Нова Година ќе бидат на највисоко ниво“, изјави Исмаил Килиќ, полицискиот началник на истанбулската општина Бејоглу, Исмаил Килиќ.

Toj посочи дека Турција се соочи со серија терористички напади, што им се припишуваа на курдските милитанти и на групата Исламска држава, вклучувајќи го и инцидентот во популарниот ноќен клуб Реина во Истанбул за време на ланската новогодишна прослава, при што загинаа 39 лица.

„Ние ќе ги засилиме мерките бидејќи минатата година напаѓачот од Реина ја смени својата цел поради преземените контроли на Таксим“, нагласи Килиќ.