Турција го отпушти ректорот на Универзитетот во Истанбул по студентските протести

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отпушти универзитетскиот ректор на Богсзици, откако неговото поставување предизвика големи протести, пренесува „Еуроњуз“.

Мели Булу беше отстранет од функцијата ректор на Универзитетот Богазици во Инстанбул откако претседателската наредба беше издадена четвртокот.

Не била објавена никаква причина за отпуштањето.

Одлуката да се постави Булу за ректор на еден од најпрестижните универзитети во Истанбул беше пречекана со секојдневни протести и стотици апсења.

Поранешниот ректор бил политички кандидат од партијата на Ердоган, а јавноста сметала дека тој не е кадарен за позицијата.

Студентите и факултетите во Богазици демонстрирале против поставувањето на Булу на ректорска позиција бидејќи тој бил поврзан со турската власт. Демонстрантите барале универзитетска автономија и самостојно избирање на претседател.

Како одговор на протестите, полицијата го блокирала влезот на универзитетот за да ги спречи студентите да влезат на кампусот.

Откако протестите започнале мирно, набрзо се случиле насилни судири со полицијата и стотици лица биле уапсени во универзитетот, како и на другите протести кои започнаа од солидарност. Голем број од уапсените веќе се пуштени на слобода.

Претседателот Ердоган предизвика дополнително незадоволство откако ги нарече студентите „терористи“, а турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солу изјави дека студентите се „ЛГБТИ девијанти“.

Претставници од САД, Обединетите Нации и Европската Унија ја искритикуваа Турција за начинот на кој се справува со протестите.

Турските безбедносни сили ги отфрлија критиките велејќи дека имало обиди од терористички сили да се инфилтираат и да провоцираат за време на протестите.

„Никој нема право да се меша во работите на Турција“, изјавило Министерството за надворешни работи.

Но, одлуката на Ердоган да го тргне Булу од ректорската позиција претставува невообичаен потег за претседателот кој обично не придава внимание на критичарите и сам го постави ректорот на функција.

Засега, ректорската позиција е кај заменикот на Булу, Мехмет Начи Инчи, додека не се избере нов кандидат.