Прво издание на Science@FEIT – онлајн предавања организирани од студенти

Science@FEIT e серија онлајн предавања кои за првпат ќе се одржуваат во организација на Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ. Предавачите ќе бидат претставници од наставниот кадар и поранешни или тековни студенти на факултетот.

Идејата, како што велат организаторите, е преку четири едукативни настани да се унапреди научниот дух меѓу студентите преку запознавање со истражувачката дејност на нивните професори и колеги.

Првото предавање ќе се одржи на 20 април со почеток во 20 часот.

Поради ситуацијата со Ковид-19, Science@FEIT ќе има виртуелна премиера на платформата Zoom. За учество на првото предавање треба да се пополни формуларот на следниот ЛИНК.