Тркачи во недела ќе собираат податоци за квалитетот на воздухот покрај РЕК Битола

Во недела, учесници на треил трката „The Lung Run“ ќе ги илустрираат ефектите од загадувањето на воздухот предизвикано од термоелектричните централи што користат јаглен.

Тие ќе собираат податоци во реално време за квалитетот на воздухот нa патеката која се протега во општина Новаци, во близина на електраната. Неколку тркачи ќе носат уреди за мерење изложеност на загадување на воздухот. Овие уреди ќе собираат податоци за ПМ честички и азотни оксиди.

Сите средства собрани од регистрациите ќе се искористат за купување сензори за загадување на воздухот за локалното население.

За учество на трката, потребно е претходно пријавување на следниот ЛИНК.