Триумф на „Опенхајмер“ на 81. „Златен глобус“

Историската драма „Опенхајмер“ (Oppenheimer) и комедијата „Кутри нешта“ (Poor Things) ги освоија Златните глобуси за најдобар филм, а ѕвездите Силијан Марфи и Ема Стоун наградите за најдобри актери.

Над 300 новинари, кои гласаа за најдобрите филмски остварувања минатата година, го прогласија „Опенхајмер“ за најдобра драма.

Филмот „Кутри нешта“ со Ема Стоун во улогата на почината жена која научниците ја оживеаа, ја освои наградата за најдобар филмски мјузикл или комедија, победувајќи го најголемиот хит во кино салите „Барби“ (Barbie).

Златниот глобус за најдобра актерка во драма го освои Лили Гледстон за улогата во филмот „Убијци на Цветната Месечина“ (Killers of the Flower Moon), додека за најдобар актер во жанрот комедија беше прогласен Пол Џамати.

Кристофер Нолан е прогласен за најдобар режисер за режија на „Опенхајмер“, а Роберт Дауни Џуниор ја освои наградата за најдобра споредна машка улога. Да’Вајн Џој Рендолф го освои Глобусот за најдобра споредна женска улога во филмот „Оние кои остануваат“ (The Holdovers).

За најдобар странски филм е прогласена француската драма „Анатомија на падот“ (Anatomy of a Fall), која ја доби наградата и за најдобро сценарио.

Со церемонијата започна годишната сезона на доделување награди во Холивуд која кулминира со Оскарите на 10 март.