„Моќта на кучето“ и „Наследство“ победници на Златен Глобус 2022

Драмата „Моќта на кучето“ (Power of the Dog) и телевизиската серија „Наследство“ (Succession) беа големите победници на наградите Златен Глобус кои синоќа беа доделени во Лос Анџелес.

Иако, традиционално, церемонијата се одржува во гламурозна атмосфера, оваа година таа помина без филмски ѕвезди и само со дел од членовите на Здружението на холивудските странски новинари, кои ја доделуваат наградата, поради тоа што голем број филмски студија се оддалечија од наградите поради контроверзиите околу недоволно диверзитет.

„Моќта на кучето“ ја доби главната награда, за најдобар филм, додека Џејн Кампион стана само третата жена која доби Златен Глобус за најдобра режисерка. Истовремено и Коди Смит-Мекфи, кој е дел од филмот, доби награда за најдобра споредна улога.

Никол Кидман и Вил Смит ги добија наградите за најдобри актери, додека римејкот на „Приказната од западната страна“ (West Side Story) на Стивен Спилберг триумфираше во категоријата за најдобар мјузикл или комедија.

Кај телевизиската индустрија, главната награда за најдобра серија-драма ја освои „Наследство“, а актерите Џереми Стронг и Сара Снук кои глумат во серијата победија во категориите за најдобар актер и најдобра споредна актерка.

MЏ Родригез стана првата транс жена која ја доби наградата за најдобра актерка во серијата „Поза“ (Pose).

The network also saw freshman series Hacks named best comedy and its star Jean Smart win for best actress in a comedy series. Jason Sudeikis was named best comedy actor for Ted Lasso, while O Yeong-Su won best supporting actor for Netflix’s breakout hit Squid Game.

Меѓу останатите победници беа и јапонскиот „Вози ја мојата кола“ (Drive My Car) како најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, „Енканто“ (Encanto) беше прогласен за најдобар анимиран филм, додека „Белфаст“ ја доби наградата за најдобро сценарио а „Дина“ (Dune) за најдобра музика.

Наградите Златен Глобус традиционално се гледаат како предвесник на Оскарите чии номинации ќе бидат објавени на 8-ми февруари додека наградите ќе се доделуваат на 27 март оваа година.

Целосната листа на добитниците на Златен Глобус може да ја видите на следниов ЛИНК.