„Фабелманови“ и „Баншите на Инишерин“ победници на Златен Глобус 2023

Автобиографскиот филм на режисерот Стивен Спилберг, „Фабелманови“ (The Fabelmans) и „Баншите на Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) ги добија главните филмски награди на Златен Глобус 2023 на церемонијата во Лос Анџелес.

Филмот на Спилберг, кој ја раскажува приказната за момче кое се заљубува во филмската уметност, триумфираше во категоријата за најдобар филм – драма, како и во категориите за најдобра режија, додека филмот на Мартин Мекдона, околу раскинување на старо пријателство на мал остров во Ирска која е зафатена во граѓанска војна, триуфираше во категоријата за најдобар филм – мјузикл/комедија, најдобро сценарио како и за најдобра машка улога за Колин Фарел.

„Никогаш не очекував моите филмови да имаат публика, и кога тоа се случува е шокантно за мене“, рече Фарел при примањето на наградата.

Другите главни актерски награди ги добија Кејт Бланшет, за улогата во „Тар“, Мишел Јео за „Сешто, сегде, одеднаш“ (Everything Everywhere All At Once) и Остин Батлер за „Елвис“.

„Аргентина 1985“ победи во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје  додека за најдобар анимиран филм беше прогласен „Пинокио“ на Гиљермо Дел Торо.

Во телевизиските награди триумфираа „Куќата на змејот“ (House of the Dragon), која ја освои наградата за најдобра серија-драма, „Основното училиште Абот“ (Abbott Elementary), која триумфираше во категоријата за најдобра серија-комедија/мјузикл, како и „Белиот Лотос“ (The White Lotus), која ја однесе главната награда во категоријата „лимитирана серија“.

Наградите Златен Глобус традиционално се гледаат како предвесник на Оскарите кои ќе се одржат на 12 март.

Целосната листа на наградени може да ја погледнете на следниов ЛИНК.