Третина од луѓето ги менуваат своите планови за иднината поради климатските промени

Речиси една третина од луѓето размислуваат да ги одложат големите животни настани поради стравовите од климатските промени, открива ново истражување, јавува Евроњуз.

Неизвесноста од климатската криза и стравот дека состојбата со животната средина ќе продолжи да се вложува го зема својот „данок“. Новото истражување направено на 25.000 луѓе и спроведено во 25 земји од истражувачката компанија „Елабе“ и компанијата за управување со вода, отпад и енергија „Веолија“ го открива степенот на оваа вознемиреност.

Околу 30 отсто од луѓето во светот се чувствуваат вознемирени за иднината, „често“ размислуваат за климатските промени и размислуваат да се откажат од долгорочните цели како што е тоа, да имаат деца.

„(Овој број се зголемува на повеќе од) 33 отсто во Полска, Индонезија, Јапонија, Бразил, Чиле, Колумбија, Мексико и до 58 отсто во Индија“, се вели во истражувањето.

Во Соединетите Американски Држави, 25 отсто од испитаниците го почувствувале стисокот на оваа тешка еко-анксиозност, која се однесува на чувство на стрес и страв за иднината на планетата. Како што известувањето за тешки временски услови стануваат се почести, а насловите се полни со вести за обилни поплави, пожари и суши, тоа станува вообичаено чувство.

Истражувањето открива дека исто така тоа може да има огромно влијание врз тоа како луѓето го планираат својот живот. Но, исто така открива и зголемена поддршка за климатските активности.