Трамп најави „голем ден“ и изградба на ѕидот со Мексико

Доналд Трамп соопшти дека за денеска се планира „голем ден“ за националната безбедност и почеток на изградбата на граничен ѕид помеѓу Соединетите Американски Држави и Мексико.

Новиот американски претседател, следните неколку дена се очекува да потпише повеќе укази кои се однесуваат на имиграцијата и граничната безбедност. Тие најверојатно ќе вклучуваат „екстремна проверка“ на луѓето кои доаѓаат од седум доминантно муслимански земји од Блискиот Исток и Африка, со што ќе биде ограничен пристапот на бегалци, пишува ББЦ.

Овие чекори, Трамп ги најави синоќа на Твитер: „Голем ден за националната безбедност планирани за утре. Помеѓу другите работи, ќе го градиме ѕидот!“, напиша тој.

Изградба на ѕид на границата со Мексико, долг повеќе од 3000 километри, беше едно од неговите главни ветувања за време на изборната кампања.