Томислав Кежаровски избран за потпретседател на ЗНМ

Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на последната седница одржана на 26 јануари годинава едногласно го избра Томислав Кежаровски за потпретседател на Здружението, соопшти ЗНМ.

Кежаровски на последното Собрание, кое се одржа кон почетокот на декември мината година, беше избран за член на Управениот одбор на ЗНМ. Управниот одбор исто така избра Комисија за доделување на наградите на ЗНМ за животно дело и за истражувачка сторија. Во наредните денови Комисијата ќе објави оглас со кој ќе се повикат новинарите да се пријават за новинарските награди.

На седницата членовите на Управниот одбор избраа и Комисија за членство, за правни прашања и за бенифиции, соопшти Здружението.