Тинејџери открија дека се автори на водечка австралиска платформа за ковид статистика

Една од најавторитативните страница за следење на КОВИД-19 во Австралија ја водат тројца тинејџери. Триото, кое го води CovidbaseAU, стана дел од својата статистика, откако ги примија првите дози на вакцината Модерна, пренесува Гардијан.

„Мозоците“ зад CovidbaseAU не беа јавно објавени до минатата недела, кога 14-годишниот Весли, со 15-годишните Џек и Дарси, твитнаа своја фотографија.

Тие изјавија дека со нетрпение чекаат да им се придружат на младите на возраст од 12 до 15 години во Викторија, кои примиле барем една доза вакцина против КОВИД-19.

CovidbaseAU ја следи статистиката за КОВИД-19 од април 2021 година, со што ги објавува австралиските, но и глобалните податоци за вакцинација, инфекции, хоспитализација и смртни случаи.

Тинејџерите од Мелбурн, за ТВ ABC рекоа дека проектот првично бил планиран „само за забава“. Тоа бил метод за исполнување на нивните интереси за кодирање и медиумите.

„Бидејќи сме навистина заинтересирани за податоците, решивме да го споделиме она што го правиме и да создадеме нешто со тоа. Поминуваме многу време за да го направиме што е можно сеопфатно“, вели младиот Џек.

Осум држави и владини територии, како и федералната влада редовно објавуваат податоци за КОВИД-19, често на различни локации и формати.

Дарси изјави дека сака „да состави и да прикаже веб-страница достапна за секого“.

Додека процесот на вакцинацијата, но и инфекциите на КОВИД-19 се зголемија низ целата нација, нивната социјална мрежа и веб-страница продолжија да ја надградуваат. Тие собраа повеќе од 25.000 следбеници на Твитер.

Сега веќе не е проект за хоби, туку е место што е изградено од тинејџерите и се работи за статистика на многу податоци – разделувајќи ги случаите во Австралија по национално и локално ниво. Вклучуваат и подетални информации како што е процентот на случаи што завршуваат во болница или на интензивна нега.

Тоа не е лесна работа, а CovidBaseAU бара тројцата тинејџери да работат непречено. Џек отсекогаш бил човекот со податоци, Дарси е кодирачот, а Весли е сеопфатен – тој ги следи настаните и точните инфографи.

„Во моментов, во Мелбурн имаме карантин, така што ни е дадено многу време за да можеме да ги правиме работите послободно… ги завршуваме сите наши училишни активности, не грижете се, но тоа е малку жонглирање“, рече Џек за телевизијата ABC.

Ник Евершед, уредник за податоци и интерактивни податоци во Австралија изјави дека CovidBaseAU направи импресивна работа собирајќи тешко достапни информации.

„Имаше неколку прилики, особено со бројките околу снабдувањето со вакцини, каде што ги заменив своите броеви наспроти нивните. Тие направија навистина добра работа во споделувањето на сите различни медиумски соопштенија и конференции во раните фази на објавувањето за да направат добра слика за тоа колку дози произведува или увезува Австралија во различни околности што беше исклучително корисно“.

Џек, Весли и Дарси беа пофалени од колегите на Твитер, откако го открија нивниот идентитет, каде подоцна собраа повеќе од 16.000 лајкови за 24 часа, како и понуда за скратено работно време од шефот на јавното здравство во Институтот Бурнет.

„Вие тројца правите неверојатна работа!“ – напиша Бен Краут, додека  професорот Марк Стоув додаде: „Убава работа момчиња!

„Дали ви треба работа со скратено работно време? ”

На последниот твит, Џек одговори дека обично работи во ресторан (но, не за време на карантинот) додека Дарси работи некои работи на моделирање, а Весли се уште нема 15 години.

Податоците на Твитер од CovidbaseAU редовно се цитираат од медиумите како извор на податоци.

„Очекувавме дека ќе помине доста добро, но она што се случи е навистина возбудливо. На Твитер имаме над 14.000 лајкови и тоа е апсолутно лудо за нас “, рече Џек.

Триото беше поттикнато од фактот дека чинот на примање вакцина против КОВИД-19 – процес што го следеа со месеци наназад и билет за излез од пандемијата – е тоа што предизвикало толкав интерес.

„Знам многу мои пријатели што сакаат да се вакцинираат. Мислам дека е одлично да се види вистинска возбуда околу имунизацијата“, рече Џек.