Кавадарци со најмногу, Кичево со најмалку вакцинирани против Ковид-19

Министерството за здравство информираше дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните.

Последните анализи покажале дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и  Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани има во Кичево со 15,8%, Тетово со 17,1% и Дебар со 17,3%.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:

Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%;  Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и  Гостивар 17,8%;

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција за медиумите порача дека вакцините се ефикасни и безбедни и дека помасовна имунизација е единствениот начин преку кој може да се спречат затворања и да се овозможи граѓаните да се вратат на старите навики.