1.081 новозаразен и 15 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа е потврден 1.081 нов случај на Ковид-19, информираше Министерството за здравство (МЗ).

Регистрирани се 314 случаи во Скопје, Гостивар – 187, Тетово – 160, Куманово – 84, Струмица – 60, Кичево – 47, Охрид – 38, Дебар – 30, Струга – 27, Прилеп – 25, Битола – 20, Штип и Ресен – по 12, Радовиш – 11, Велес и Кочани – по 9, Берово и Виница – по 6, Кратово – 5, Кавадарци и Свети Николе – по 4, Пробиштип – 3, Неготино и Пехчево – по 2 и по 1 во Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод.

Од Ковид-19 починале 15 лица, односно, по тројца од Скопје на 37, 43 и 49 години, од Куманово на 46, 55 и 63 години, од Тетово на 60, 65 и 79 години и од Гостивар на 53, 69 и 77 години, и по едно лице од Струмица на 52 години, од Струга на 43 години и од Кичево на 77 години.

Регистриран e 91 оздравен пациент, односно, од Скопје – 35, Гостивар – 12, Тетово – 9, Кичево и Дебар – по 8, Куманово и Струмица – по 5, Прилеп и Радовиш – по 2 и по 1 од Битола, Кавадарци, Штип, Ресен и Крива Паланка.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.079.818 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.802 тестови.

Дистрибуција по градови според епидемиолошките анализи, заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)
Скопје 71572, Активни 2520
Куманово 9472, Активни 497
Прилеп 8424, Активни 85
Тетово 8970, Активни 1477
Битола 6488, Активни 151
Велес 5551, Активни 70
Гостивар 6436, Активни 1099
Кавадарци 5230, Активни 59
Охрид 5234, Активни 213
Штип 5039, Активни 70
Струмица 4495, Активни 339
Струга 3176, Активни 190
Кочани 2868, Активни 62
Кичево 3048, Активни 404
Гевгелија 2201, Активни 4
Неготино 2190, Активни 6
Свети Николе 1551, Активни 22
Ресен 1290, Активни 55
Крива Паланка 1234, Активни 6
Радовиш 1220, Активни 49
Берово 1086, Активни 48
Делчево 992, Активни 18
Дебар 1122, Активни 144
Виница 915, Активни 27
Пробиштип 796, Активни 7
Валандово 696, Активни 23
Богданци 494, Активни 0
Крушево 491, Активни 1
Демир Хисар 404, Активни 4
Демир Капија 399, Активни 3
Кратово 389, Активни 12
Македонски Брод 389, Активни 29
Пехчево 284, Активни 9
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 133, Активни 1