Тројца починати и десет новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 3 лица, односно едно лице од Крива Паланка на 76-годишна возраст, од Дебар на 69 години и од Кичево на 65 години.

Во последните 24 часа се потврдени 10 нови случаи на Ковид-19, односно по 2 случаи во Скопје и Куманово и по 1 случај во Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка.

Регистрирани се 17 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 5, Куманово – 4, Прилеп – 3, Тетово – 2 и по 1 од Струмица, Кичево и Радовиш.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 863.994 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.302 тестови.