МЗ: 30 починати, 447 новозаразени и 620 оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 30 лица.

Починале 8 лица од Скопје (57г, 57г , 60г, 64г, 64г, 67г, 86г и 92г), 6 лица од Струмица (66г, 68г, 72г, 72г, 73г и 77г), по 2 лица од Кичево (56г и 66г), Кочани (69г и 84г), Неготино (75г и 83г) и Прилеп (60г и 73г) и по едно починато лице од Берово (70г), Битола (70г), Гевгелија (76г), Гостивар (73г), Делчево (83г), Кавадарци (78г), Охрид (84г) и Пробиштип (68г).

Од МЗ исто така информираат дека во последните 24 часа се потврдени 447 нови случаи на Ковид-19. Регистриран е 191 случај во Скопје, 36 во Куманово, 26 во Прилеп, 21 во Струмица, 19 во Битола, 18 во Велес, 17 во Тетово, 16 во Гостивар, 15 во Кочани, 11 во Неготино, 10 во Охрид и по 7 во Кичево и Радовиш.

Потоа, регистрирани се 6 случаи на Ковид-19 во Кавадарци, по 5 во Штип, Берово и Виница, по 4 во Гевгелија, Свети Николе и Валандово, по 3 во Богданци и Крушево, по 2 во Струга, Крива Паланка и Демир Хисар и по 1 случај на Ковид-19 е регистриран во Ресен, Делчево, Дебар, Пробиштип, Демир Капија, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица.

Регистрирани се 620 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 272, Куманово – 56, Прилеп – 55, Битола – 34, Велес – 25, Тетово и Охрид – по 23, Струмица – 20, Штип – 18, Гевгелија – 15, Кичево – 11, Струга и Кочани – по 10, Радовиш – 7, Гостивар и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Богданци – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Кавадарци и Македонски Брод – по 2 и по 1 од Неготино, Берово, Валандово, Демир Хисар и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.569, бројката на оздравени пациенти е 131.530, на починати е 4.772, а бројот на активни случаи изнесува 15.267“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 716.173 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.034 тестови.