Светски ден на храната: неколку факти за проблемот со гладта

16-ти октомври е Светскиот ден на храната, во чест на основањето на Организацијата за храна и агрикултура на Обединетите Нации во 1945 година.

Темата годинава е „Променете ја иднината на миграцијата. Инвестирајте во безбедноста на храната и руралниот развој“.

11,3 отсто од светската популација е гладна. Тоа е приближно 805 милиони луѓе кои дневно се ненахранети, конзумирајќи помалку од препорачаните 2100 калории на ден.

Во 2010 година, речиси 7,6 милиони деца, повеќе од 20 000 дневно починале. Слабата нахранетост игра главна улога во најмалку половина од овие смртни случаи.

Предизвикот „нула глад“, покренат од генералниот секретар на Обединетите Нации Бан ки Мун во 2012 година, цели кон иднина каде секој поединец има соодветна исхрана.

Ова бара напори за да се обезбеди правото за соодветна храна, жените да имаат поголеми овластувања; приоритет се дава на домашното земјоделство и одржливите системи за храна.

Речиси 98 отсто од светскиот глад постои во неразвиените земји. Приближно едно од 15 деца во развиените држави умираат пред возраст од 5 години, најголемиот дел од нив поради глад.

Десет држави кои постигнале најголем успех во намалување на вкупната бројка на гладни луѓе се Ерменија, Азербејџан, Бразил, Куба, Грузија, Гана, Кувајт, Свети Винсент и Гренадини, Тајланд и Венецуела.