[Став] Ги расипавме информативните медиуми, сега како да ги поправиме?

Медиумската индустрија е исцрпена, нервозна и оди по тенок раб. И веројатно најголемата закана по нашата професија не е надворешниот притисок: ја расипавме медиумската индустрија бидејќи ја скршивме довербата на нашата публика.

Според Извештајот за дигитални вести на Ројтерс за 2017 година, помалку од половина од населението (43%) им верува на медиумите во 36 испитани земји, а речиси една третина (29%) активно избегнува вести, бројка која достигнува 38% во САД. Наместо да ги збогатува нашите животи, нашата работа не депримира. И во основата на оваа загуба на довербата е перцепцијата на медиумската пристрасност водена од поларизација. Луѓето се вртат кон медиумските организации кои одговараат на нивните верувања, и ги отфрлаат другите. Интернетот, кој еднаш се сметаше дека го отвара светот кон сите можни информации и ги зближува луѓето, всушност ги истурка луѓето секој во својот ќош.

Како стигнавме до тука? Новинските организации се движеа пребавно за да се адаптираат. Предолго користевме застарени приоди изградени за технологиите на печатот и телевизијата, во еден тотално нов медиум, интернетот, и затоа не успеавме да ги адресираме проблемите на денешната публика.

Кои беа тие проблеми? Вишокот информации беше еден од нив. Публиката мораше да избере да се соочи со премногу информации, наспроти да има недоволно. Во таа какофонија, тие бараа гласови на кои можеа да им веруваат, теми кои им се допаѓаа. Наместо да развиваат вистинска и посветена врска со својата публика, медиумите на прсти одеа кон вклученост во заедницата.

Друг проблем: медиумите еднаш имаа монопол врз информациите и начините на нивна дистрибуција, но тоа нè направи многу комотни во верувањето дека ние сме иматели на вистината, наместо трагатели по неа. Ја користевме уредувачката политика како кодекс за она што сметавме дека е важно и треба да го знаете. Особено во САД, ваквата идеја за објективност му дозволи на Роџер Ејлс да влета и да ѝ каже на пола американска публика дека неговата мрежа Fox News ќе понуди „фер и балансирани“ вести, распалувајќи борба помеѓу новинските организации за тоа кој поседува поточни факти.

Сликата изгледа прилично мрачна, знам. Но, има мали знаци дека одговорите на нашите проблеми лежат во самиот проблем: ако се трудиме повторно да ја изградиме довербата на нашата публика, можеби ќе го најдеме патот до постабилна и позначајна професија. Овој Извештај открива дека во САД, по изборите, информативните медиуми добиле пет поени повеќе во споредба со лани во однос на доверба на публиката, во исто време кога стапките на претплата се зголемија за прв пат во неколку години и големите платформи – од Facebook до Twitter – понудија да платат за квалитетна работа.

Vox го започнавме пред три години, загрижени за тоа колку скршени беа вестите. Сакавме да тестираме начини да создадеме новински производ изграден за денешната технологија и одржлив со денешните деловни модели. Не ги решивме сите проблеми, но најдовме лојална публика која од нас бараше квалитет низ сите платформи. Има уште да се работи, но го најдовме правиот пат поставувајќи си ги следните прашања:

  • Што пропуштаме кај денешната публика? И што не ѝ даваме?
  • Како да ја направиме нашата содржина привлечна и значајна за нив?
  • Новинарите порано живееја блиску до нивните извори и нивната публика. Како повторно да го создадеме тоа чувство на заедница кога нашата публика живее низ целата земја – или низ целиот свет?
  • Како да ја редефинираме граѓанската должност во ера кога параметрите на граѓанскиот живот се многу потесни и многу поголеми од кога и да било?
  • Никој не сака да му се кажува што да мисли. Повеќето од нас сакаат да бидат неосетно водени кон сопственото разбирање и заклучоци. Како, тогаш, да ѝ помогнеме на нашата публика да бара знаење наместо едноставно да објавуваме информации.
  • Сега нашата публика може да го види, во 360 степени, страдањето во секој агол од светот во секое време, емотивното влијание на незадржливиот и бескраен циклус на вести. Што треба да градиме кога сите сме секојдневно преплавени со неспокој и несигурност во напливи од нови содржини?
  • Што ќе се случи ако се соочиме со нашите предрасуди и започнеме да градиме новински производи кои ја покажуваат нашата работа и содржат докази како дел од производот.

Професијата долго се гради врз луѓе кои ја сакаат возбудата на конкуренцијата. Но, златната ера одамна ја нема. Немаме доволно ресурси да напредуваме и конкуренцијата излезе од границите на медиумските организации. Наместо да се бориме за истите стории, треба да се надополнуваме и потоа да се бориме да откриваме нови стории. Тоа се гледа во партнерствата кои се создаваат околу пишувањето стории, како што е неодамна споделената Пулицерова награда помеѓу New York Daily News и ProPublica или најавеното партнерство помеѓу Guardian и Vice. Тоа се случува и во областа на технологијата и рекламирањето. Во Vox Media, ние остваривме партнерство со Condé Nast и NBC Universal за да изградиме подобар пристап до реклами. Тоа се гледа и во платформите, како на пример отворениот АМР проект на Google. Што ќе се случи ако лекциите кои сме ги научиле ги искористиме да си помогнеме, наместо да се уништиме едни со други? Нашата публика заслужува – и брзината на промените бара – ваков вид на соработка, не конкуренција.

Конечно, мора да имаме чувство на цел. Мора да знаеме кои сме и што се обидуваме да сториме, за нашата публика да може да нè запознае и да знае што може да очекува од нас. Мора постојано да се предизвикуваме за да изградиме

 Мелиса Бел, издавач и основач на Vox Media