Станица: Студентска по шести пат на 29-ти мај

На пет перони, со различни настани, во вторник на 29-ти мај, ќе се одржи шестото издание на Станица:Студентска, во организација на Младинскиот образовен форум.

Настанот, посветен на студентите, промоцијата на студентското организирање, истражувачката работа и квалитетното високо образование, ќе се одржи во Филозофскиот факултет при УКИМ од 12 до 18 часот.

„Станица: Студентска 6.0 ќе биде отворена за сите заинтересирани млади луѓе, студенти и останати посетители кои сакаат да посетат современи предавања кои ретко имаа можност да ги следат на нашите факултети, да се информираат за организациите отворени за нив, да учествуваат во работилници, да се запознаат со нови истражувања и да разменат искуства и контакти“, велат организаторите.

Тие најавуваат и саем на дваесет студентски организации, различни предавања и работилници, како и чил зона за борд игри каде посетителите ќе можат да се релаксираат.

Целосната програма на Станица: Студентска 6.0 можете да го најдете на следниов ЛИНК.