Снимајте подкасти за Радио МОФ – Повик за нови водители!

Нова сезона, нови подкасти, нови дружби и нов зрак во етерот! За сите оние млади луѓе кои имаат желба да пренесат нови знаења и искуства за своето хоби, за музиката што ја слушаат, за настаните кои ги организираат и посетуваат, оние кои не престануваат да зборат, но знаат да слушаат и за сите оние кои храбро би седнале зад микрофонот во студио, Радио МОФ отвара повик за нови радио подкасти и водители!

Темата на подкастот ја избирате вие! Од сеопфатна анализа на технолошкиот напредок во последните пет години до последните случувања во градот, нова музика што ја слушате во моментов или долгите разговори на клупа за актуелни уметнички настани; Од длабоки мисли за општествениот контекст во кој живеат младите до егзистенцијалната потреба за промена! Бараме подкасти со стимулативна енергија кои ќе не разбудат, расположат и замислат!

Обврски на авторите на новите подкасти:

-Подкастот треба да биде ваше авторско дело;
-Ангажманот околу истиот ќе биде ваш волонтерски труд;
-Ваша обврска ќе биде спремањето содржина и водењето на подкастот.

Радио МОФ ќе обезбеди:
-техничка поддршка за снимањата;
-помош при осмислувањето на содржините;
-промоција на подкастот.

Пријавените кандидати ќе бидат повикани на интервју и „аудиција“, а за избраните ќе биде организирана и мини обука. Повикот за емисии на Радио МОФ е отворен за сите млади луѓе, по возраст и дух, а пријавувањето за врши со пополнување на формуларот на овој ЛИНК.

Краен рок за испраќање на апликациите е понеделник, 1 ноември 2021 година.

Ние во Радио МОФ не веруваме во цензура и табу, само во слободна аргументирана мисла и затоа сакаме да чуеме за твојата идеја за подкаст и да помогнеме таа успешно да биде реализирана.

Нека биде креативна, интересна и смела!