Смртта на млада трудница стана симбол на борбата против ригорозниот ирски закон за абортус

Цвеќиња, свеќи и транспаренти се насобраа во неделата во центарот на Даблин пред муралот на коиј стои  лицето на млада насмеана Индијка и зборот „ Да”.

„Жалиме што доцниме, но сега сме тука“, е напишано на една од пораките што стојат на ѕидот. „Не те заборавивме.“

Жената на муралот е Савита Халапанавар, а нејзината приказна стана синоним за укинување на Осмиот амандман со кој се забранува абортус во Ирска, па дури и кога животот на мајката е во опасност. Нејзината приказна беше упориште на активистите кои повикаа на укинување на Осмиот амандман, и се повторуваше секој ден, се додека луѓето во петокот не го изгласаа укинување на спорниот амандман.

Савита Халапанавар почина во 2012 година, на возраст од 31 година, од сепса кој ја доби откако не и беше дозволен абортус. За многу жени нејзината приказна беше првиот доказ дека осмиот амандман усвоен во 1983 година може да влијае на нивните животи.

„Кога почина, луѓето на моја возраст станаа свесни за што се работи. Ние не бевме живи кога бил изгласан“, вели Мелиса Барнс, 20-годишна студентка по медицина.

И Стефани О’Туле, нејзина колешка од Даблин се согласува.

„Нејзиното име стана тема на сите разговори, како симбол на борбата за нашата генерација.“

Забарката Халапанавар и нејзиниот сопруг во 2012 се подготвувале за раѓањето на нивното прво дете. Но, сите планови се промениле кога Халапанавар била хоспитализиран  во 17 недела, со болка во грбот, а лекарите откриле дека и претстои спонтан абортус. Тие и рекле дека бебето нема да преживее, но не можат да изведат абортус бидејќи Ирска е католичка држава и нелегално е да се прекине бременост додека има активност на срцето на плодот.

Таа чекала со денови додека срцето не престана да тропа, по што била отстранета содржината од нејзината утроба. Сепак, сепсата настапила и таа умира еден ден подоцна.

Мелиса Барнс истакнува дека тоа е трагедија од епски размери, а лекарите не успеале да обезбедат основна нега на млада жена, затоа што нивните раце биле врзани.

„Тоа ги разбуди младите луѓе, особено жените, кога видоа колку лесно може да се случи нешто вакво“.

Марк О’Халоран, актер и сценарист, ги започна протестите во 2012 година.

„Луѓето во Ирска беа шокирани и овој настан го смени мислењето. Бевме шокирани бидејќи на нејзиниот сопруг му рекоа: ‘Ова е католичка земја, не можеме да ви помогнеме’“.

Кога беа избројани гласовите од референдумот во саботата и кога беше објавено дека амандманот ќе биде укина, името на младата Индијка почна да се скандира по улиците. Нејзиното семејство, кое претходно  дозволи нејзиниот лик да се користи во кампањата, рече дека е навистина среќно бидејќи беше укината забраната за абортус.

Во Ирска, до крајот на годината во законот треба да се дозволи релативно неограничен абортус до 12-та недела од бременоста, по претходна консултација со лекарите и краток период на чекање. По 12-та недела абортусот се уште ќе биде можен и до 24-та недела, ако двајца лекари потврдат дека животот на жената е во опасност или дека постои висок ризик за нејзиното здравје.

„Имаме само една последна желба, а тоа е законот да се именува по неа – законот на Савита “, вели нејзиниот татко Анданапа Јалаги.