Славчо Темелковски избран за нов претседател на УСС УКИМ

„Третиот мандатен состав на Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ почнува со работа!“.

Вака стои на вчерашната објава на социјалните мрежи на ова универзитетско собрание, кои велат дека делегатите на фер и демократски избори го изгласале Славчо Темелковски за претседател на УСС УКИМ во претстојната година.

„Се фаќаме за работа!“, велат од таму.

Радио МОФ веќе пишуваше дека на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, гласањето за нов претседател се одвиваше неколку месеци по истекувањето на мандатот на претходната претседателка Ева Цветковска. Причината за доцнењето, како што рече таа, е поради доцното конституирање на собранието, но дополни дека рокот за избирање на Претседател на Универзитетското собрание не бил пречекорен.

Цветковска беше избрана на функцијата на 1 април, 2021 година, а нејзиниот мандат траеше една година, a последните неколку месеци таа се задржа на функцијата како вршител на должност.

Факултетските (ФСС) и универзитетските студентски собранија (УСС) беа формирани според последниот Закон за високо образование од 2018 година. Законот налага студентите на сите факултети првично да изберат свои претставници во ФСС, кои потоа именуваат по двајца претставници во УСС. Членовите на УСС го избираат претседателот. Мандатот на сите студентски претставници трае една година, со право на еден реизбор.