УСС УКИМ отвори повик за научни трудови и проекти

Во тек е пријавувањето на апликации за научни трудови и проекти на студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, информираат од Универзитетското студентско собрание (УСС).

„Оваа година, сакаме да ја потенцираме и да ја истакнеме важноста на пишувањето научни трудови и предлог проекти од страна на студентите и веруваме дека ќе бидеме иницијалната точка од каде ќе почне повеќе да се дава значење на научно-истражувачката дејност во Македонија“, велат од УСС.

Сите апликации ќе се разгледуваат од комисијата за наука при Универзитетот, а увид ќе имаат и членови на собранието. Избраните апликации ќе бидат презентирани на конференција што ја организира УСС во текот на летниот семестар.

Пријавувањето треба да се направи најдоцна до 3 декември 2022 година, а апликациите треба да се праќаат на е-адресата: studentsko.sobranie@ukim.edu.mk.