Си го плаќаме сопственото истребување – светот троши 1,8 трилиони долари на субвенции штетни по природата

Светот троши најмалку 1,8 трилиони долари секоја година на субвенции кои помагаат во уништување на дивиот свет и зголемување на глобалното затоплување, покажува нова студија која предупредува дека човештвото си го финансира сопственото истребување.

Од даночни олеснувања за одгледување говеда во Амазон до финансиска поддршка за неодржливо испумпување подземни води во Блискиот Исток, милијарди долари јавни пари и други субвенции штетат на екологијата, покажува првата крос-секторска анализа во последната деценија.

Оваа владина помош, која е еднаква на 2% од глобалниот БДП, директно работи против целите на Парискиот договор и документите насочени кон намалување на загубата на биодиверзитетот. Истражувањето на субвенциите открило дека ефективно се финансира загадувањето на водите, обесшумувањето и пропаѓањето на земјата со државни пари.

Авторите, кои се водечки експерти за субвенции, велат дека значителен дел од овие 1,8 трилиони долари можат да се пренаменат во поддршка на политики кои се корисни за природата и транзицијата кон нет-нула штетни јаглеродни емисии, во време кога постои голема политичка разлика околу цената на отстранување на јагленот од глобалната економија.

Документот повикува владите да договорат цел за отстранување на еколошки штетните субвенции до крајот на деценијата на собирот Коп15 за биодиверзитет во Кина подоцна оваа година, кога се надеваат дека ќе биде потпишан „Париски договор за природата“ и компаниите би ги откриле субвенциите кои ги добиваат.

Кристиана Фигуерес, која ја водеше Конвенцијата за климатски промени на ОН кога беше потпишан Парискиот договор, го поздрави истражувањето.

„Природата пропаѓа со алармантно ниво и никогаш не сме живееле на Планета со олку мал биодиверзитет. Штетните субвенции мораат да бидат пренасочени кон заштита на климата и природата отколку кон плаќање на нашето истребување“, вели Фигуерес.

На индустријата со фосилни горива (620 милијарди долари), земјоделскиот сектор (520 милијарди долари) и шумарството (155 милијарди долари) отпаѓа најголемиот дел од оние 1,8 трилиони долари кои се наведуваат во извештајот. Сепак, истражувањето не можело да даде проценка за рударството, за кое се верува дека предизвикува милијарди долари штета на екосистемите секоја година.