Шверцот на мигранти не престанува – нов обид на граничниот премин „Богородица“

Шверцот на мигранти се уште е актуелен. Синоќа, во 3:30 часот по полноќ, граничната патрола кај „Богородица во соработка со мобилната единица во правец на Гевгелија се обидела да сопре возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки во кое имало петмина мигранти од Пакистан, по што возачот почнал да бега.

Станува збор за Е.А.(30) од Радовиш, кој по преземените мерки од полицијата бил фатен. Мигрантите биле на возраст од 18 до 28 години, сите со грчки документи.

„Е.А. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Мигрантите се задржани во Полициска станица за Граничен надзор „Богородица”, информира Министерството за внатрешни работи.